Мажите се толку убедени дека се господари во креветот и можат да ја задоволат својата партнерка без проблем што во најголем дел од случаите, токму го прават спротивното.
Момци, нека не ве разочарува вистината. Едноставно, тоа е животот, жените се комплексни, а мажите се само луѓе. Сепак, за да не живеете во заблуда, еве ги најчестите грешки што мажите ги прават во спалната соба.
Мисли дека девојката оргазмира иако тоа не е така
Мажите мислат дека нивните девојки доживуваат оргазам секој пат кога се во кревет бидејќи тие така делуваат. Девојката е екстремно влажна, испушта звуци како навистина да ужива и превртува со очите како да се губи во времето и просторот.
Но, вистината е малку поинаква. Ретко кој успева во креветот со својата девојка секој пат да биде вистински лав. Најчесто жените ги глумат оргазмите и тоа од различни причини. Кои и да се тие, мажите треба да бидат свесни, дека едноставно не е возможно да се задоволи девојката секој пат, освен ако не умеете да читате мисли или да сте Бог кој знае токму што и треба на секоја девојка во секој даден момент.
Не и нуди разновидност на девојката
Почетокот на врската секогаш е забавен, интересен и страстен. Сексот на почетокот исто така е одличен (освен кога не е) бидејќи е нов и искуството за двајцата е ново. Но, луѓето генерално, имаат навика по одреден период да гледаат на сексот како нешто коешто треба да се случи само за задоволување на хормоните.
Во таква ситуација, девојката гарантирано ќе го загуби интересот. Затоа, многу е паметно да го пронајдете своето алтер его во креветот и да се трансформирате во нешто коешто не сте надвор од него. На пример, девојките обожаваат „лоши момци“, тоа е општо познато. Па кога сте со неа, слободно можете да се опуштите со зборување валкани работи, со плескање и слични грубости. Само, не претерувајте па да ви дојде полиција дома и да ве обвини за семејно насилство.
Заборава да биде МАЖ
Прашајте ја секоја девојка на светот и секоја ќе ви каже дека сака кога нејзиниот маж ќе покаже цврстина и мажественост. Ова, особено е нагласено во креветот и никогаш не смеете да го заборавите.
Секоја жена сака кога тој ќе ја преземе контролата за време на сексот, всушност, најдобро е никогаш да не ја изгубите контролата. Можеби нема да забележите, но секоја девојка сака кога без предупредување ќе ја грабнете и превртите на колена за да продолжите „doggy stile“.
Мисли дека сексот не и е важен
Навистина, по некогаш мажите добиваат впечаток дека на девојките никогаш не им е до секс. Но, вистината е дека и тие размислуваат речиси подеднакв за сексот колку и мажите, а дефинитвно уживаат во добриот секс и повеќе. Доказ? Па, ниту еден маж не може толку да полуди во кревет колку што може една жена.
Штосот е што, добриот љубовник мора да знае дека нејзината желба за одење во кревет нема да падне од небо. ТОЈ треба да направи ТАА да побара. Како? Е тука е вистинската уметност…
Тивок е во кревет
Можеби мислите дека е глупаво или непријатно да се зборува за време на сексот. Но, најголемиот број од девојките сакаат вербална комуникација и во креветот. Таа ги буди нивните емоции. Ако говорот е валкан и невообичаен, тој уште повеќе може да ги запали. А што позапалени се, тоа поголемо уживањето ќе биде.
Како што говорот на телото е важен додека ја заведувате девојката, толку важен е и додека сте во кревет. Па, слободно опуштете се и „објаснете се“ некои работи во креветот. Гарантирано нема да погрешите.
Мисли дека треба да го „купи“ сексот
Многу често гледаме како мажите ги носат девојките на вечера, им купуваат цвеќиња, а за тоа очекуваат да добијат секс. Праксата, рака на срце, покажала дека е тоа успешен начин, но исто така треба да знаете дека со тоа единствено ги навредувате вашите девојки бидејќи ги сметате за толку ниски, а второ, се навредувате и себе си со тоа што треба да признаете дека мора да „платите“ за таа да се заинтересира за вас сексуално.
Да се купуваат подароци за девојката е прекрасно, девојките сакаат подароци, но тоа никогаш не го правете во очи сексот. Правете го непланирано и обидете се да направите изненадување. Но, сексот, обидете се да го добиете со тоа што ќе бидете заводливи и шармантни.
Нема предигра
Не се брзајте да пенетрирате во неа. Освен ако не ви рече „аман ајде влегувај“, тогаш слободно занимавајте се со петинг, колку што имате желба. Штосот е што, жените предиграта не ја ни сметаат за одделен дел од сексот. За разлика од мажите, тие можат да доживуваат оргазми и за време на предиграта, па затоа бидете свесни дека никогаш не е доволно предигра, а девојката никогаш неможе да биде премногу „запалена“.
Од прилика, времето коешто сметате дека е нормално за пенетрацијата, треба да биде времето коешто ќе го потрошите и на предигра.
Пребрзо „свршува“
Ова е точка за којашто сите мажи се свесни. Секој еден знае дека треба да издржи што подолго. Но, колку навистина е тоа подолго? Пет минути? Петнаесет? Два часа?
Испитувањата велат дека сè што е над 10 минути, но квалитетно, ќе биде доволно за девојката да биде задоволна. Исто така, многу девојки е бидат радосни ако по направената „пауза“, продолжите со втора партија. Епа момци, ова е лесна математика.
Мисли дека нејзиното нерасположение е нормална работа
Девојките знаат да менуваат расположение за работи за коишто на мажите не им се јасни. Но, една работа и тоа како е јасна. Ако девојката не е задоволена во спалната соба, нејзиното расположение и односот кон парнерот со текот на времето ќе стане ужасен.
Дури и да не сте Аполон или надарен во „онаа“ смисла, ќе мора да пронајдете начин како таа да доживува оргазми со вас. Пробајте секси играчки, масла, создавајте посебна атмосфера, трудете се едноставно. Важно е дека секоја жена, ќе остане покрај својот маж каков и да е, ако тој успее да ја задоволи во креветот. Можете да немате скршен денар и да бидете најпростиот на светот, ако таа редовно доживува оргазми со вас, вечно е ваша.
Престанува со учење
Сите оние коишто мислат дека научиле сè што треба во врска со сексот, се лажат. Сексот, исто како и секоја друга област, бара вежбање, кондиција и континуитет. Никогаш не смее никој да помисли дека нема што повеќе да научи или да одбие некакво ново искуство.
Исто како и на мажите, така и на жените, сексот може да им стане многу досаден ако постојано се случува истото. Дури и тоа коешто на почетокот било добро и одлично ги задоволувало двајцата, со текот на времето може да стане исклучително монотоно. Затоа, не се срамете да ги посетите секси шоповите. Тие отвораат еден сосема нов свет на сексот.