Не е тајна дека повеќето од мажите се целосно неупатени кога станува збор за менструација, а шегата на ова момче покажала колку малку припадниците на посилниот пол навистина знаат во периодот од месецот кога жените се во својот циклус и хигиенските производи.
Корисничка на Твитер неодамна го замолила нејзиното момче Луис да ѝ купи кутија со тампони во продавница. Но, кога стигнал во продавницата не бил сигурен кои од тампоните треба да ги купи затоа што постоеле повеќе видови и големини па на својата партнерка ѝ испратил порака која таа ја споделила на Твитер и која станала вистински хит.
Луис ѝ испратил фотографија со две кутии на тампони, една жолта со обични тампони, а другата зелена со поголеми тампони.
when u ask ur boyfriend to buy u tampons pic.twitter.com/FmcKUGGkrG
— Brogan (@broganpaget) August 25, 2019
„Сакаш со лимон или со лимета?“ – напишла покрај фотографијата.
Виралниот твит ги насмеал многумина, но реакциите покажуваат дека некои момчиња навистина мислеле дека тампоните се со арома.
„Му ја покажав фотографијата на моето момче, а тој ме праша – Чекај, навистина ли се со различни вкусови?“ – коментар на Твитер.
„Чекај тоа навистина не се вкусови? Боже, ова е збунувачки“ – уште некој од коментарите.
„Барем се труди“ – коментирале трети.
Значи, драги момчиња, бојата ја означува големината. Повторуваме за секој случај…