Некогашниот подземен каменолом од крајот на 18 век, со текот на времето станал најголема туристичка атракција, но 300 километри старата мрежа на тунели не е комплетно отворена за туристи во Париз.
За посетители е отворен само мал дел, односно само 1,7 километри. Иако француските власти го забраниле влезот во другите делови, најдени се тајни влезови, па некои парижани редовно организирале и забави во тунелите.
До 19 век париските гробишта веќе биле преполни, па во тоа време голем број на тела се непрописно погребани во отворени гробници.

Кога во 1780 годиниа, поради екстремно долг период на дожд, попуштиле ѕидовите нагробницата, телата и останките од испливале по површината и по имотите на граѓаните, па француските власти одлучиле да ги сместат коските во заедничка гробница и тоа во подземниот каменолом.
Според последните информации во подземните катакомби има 6- 7 милиони мртви.