Некои жени редовно глумат оргазам, а некои од време на време. Како да познаете дали вашата партнерка е една од нив?
Забрзано дишење
Слушајте го нејзиното дишење за време на сексот, кога ќе стане отежнато значи дека сте на вистинскиот пат. До промени во дишењето доаѓа непосредно пред самиот оргазам, а покрај дишењето забележлив знак е и ритамот на движењата. Оние кои глумат оргазам веројатно ќе испуштаат звуци и ќе воздивнуваат, но ритамот на дишење ќе им остане непроменет. Освен тоа, знак дека всушност доживеала оргазам е нејзиното срце кое треба да чука забрзано.
Грчење на вагината
Грчењето на мускулите е најголмиот показател, бидејќи не може ниту да се сокрие, ниту да се одглуми. За време на оргазмот жената доживува меѓу три и десет вагинални грчеви, а првите неколу се со најјак интензитет. Тие грчеви силно ќе го стегнат пенисот, а тоа чувство е тешко да се игнорира.
Ненадејно потење
Ако чувствувате дека партнеркаа за време на сексот одеднаш почне да се поти, тоа значи дека нејзините мускули работат со полна пареа – нејзиното дишење, брзина на чукање на срцето и крвниот притисок се на високо ниво.
Знаци на телото
Секоја жена се разликува. Некои во моментот на оргазам го вртат грбот или ги грчат прстите на нозете или имаат неконтролирани изрази на лицето. Освен тоа, во тој момент нејзините брадавици ќе се испакнат, а образите и вратот ќе зацрвенеат.
Посторгазмичен сјај
Хемиската реакција на организмот на нејзиното тело му дава блескав изглед кој се гледа во нејзиниот поглед, а ако баш уживала во сексот, веројатно ќе посака уште малку да полежи и да ужива во тоа чувство.
Хиперчувствителност
Веднаш после оргазмот клиторисот на жената станува многу чувствителен, затоа ако после оргазмот не го успори темпото или сосема не престане со акцијата, веројатно глуми.
Разговор
Разговор и сложени реченици после секост се прилично јак индикатор дека таа одглумила оргазам. После вистинското уживање во сексот нејзиното тело бара одмор и нема да биде веднаш расположена за разговор. Освен тоа, прегласни звуци и воздишки за време на сексот исто така се сомнителни, особено ако звучат како оние од порно филмовите!