Мистериозен човек од Велика Британија скоро 70 години оставал цвеќе на гробот на Карл Шарп кој трагично настрадал и починал на 12-годишна возраст.
Сестрата на прерано загинатото момче сакала да открие кој го посетува гробот на нејзиниот брат.
Тоа бил 84-годишниот Роналд, кој се дружел со загинатиот во своето детство и кој бил во негово друштво непосредно пред неговата смрт.
Риналд доаѓал на гробот на својот пријател од својата 18-та година, а сестрата на Карл, Ен Кер веќе неколку години се обидувала да дознае која е таа личност што на гробот на нејзиниот брат остава цвеќе и писма со песни.
Карл и Роналд биле другари извидници. Пред трагичниот настан, тие заедно биле сместени во шатор.
Токму Роналд го пронашол Карл удавен и прв дознал за неговата смрт. Би-Би-Си направи емисија за оваа тема под наслов „Странец на гробот на мојот брат“.