Кломпите се составен дел од опремата на лекарите и скоро е незамисливо медицинскиот персонал да не носи кломпи иако на располагање имаат многу модерни обувки.
Една од првите причини зошто кломпите се нивен најдобар пријател е поради тоа што пружаат поддршка која им помага да се намали болката во стапалата, зглобовите, колената и кичмата, што е многу важно бидејќи тие поминуваат доволно време на нозе.
Не е сеедно медицинскиот персонал да издржи 8,10,12 часа и повеќе во смена на нозе, па удобната обувка им е приоритет и тие ги бираат кломпите.
Кломпите се многу покорисни од патиките и чевлите, а исто така се и затворени и даваат целосна заштита на прстите. Исто така со нив сте заштитени од евентуални повред за време на паѓање на некаков остар предмет како што е скалпелот или ножиците, но и заштитуваат од опасни телесни течности.
Кај нив нема комплицирани ремени, па соблекувањето и облекување е брзо и не бара свиткување на телото.
Посебен вид кломпи се хируршките кои се направени за доктори и сестри кои учествуваат во операции. Тие ги држат нозете одморени по смената од 12 часа, бидејќи ја отстрануваат болката во грбот. Направени се главно од кожа и овозможуваат лесно чистење, а материјалот е квалитетен отпорен.
Кломпите спречуваат и лизгање, бидејќи во болниците подот постојано се чисти. Последно што им треба додека трчаат да спасат нечиј живот низ болницата е да размислуваат на тоа дали можат да се лизнат.