Млада жена од Ливерпул ги запрепасти лекарите ширум светот откако успеа да роди идентични тројки. Раѓањето на тројки не е многу ретко во светот, но исклучок е појавата на идентични, кои речиси и не се разликуваат една од друга. Според пресметките на научниците, шансата за ова е точно една од 1 милион.




Беки-Џо и нејзиниот сопруг Лијам живееја како нормално семејство во родниот Ливерпул и уживаа во нивната ќерка. Тие навистина сакаа да имаат уште едно дете и Беки успеа повторно да забремени.
Но, во осмиот месец итно била примена во болница и лекарскиот тим решил да направи царски рез.




Беки беше бремена во 31 недела.




Се родиле три здрави момчиња со по 1,3 килограми.
Ова ги принуди бебињата да ги поминат првите месеци во инкубатори на одделот за интензивна нега.




Докторите ја забележале големата сличност на момчињата и направиле ДНК-анализи. Сепак, резултатите целосно ги воодушевија лекарите – тројките се покажаа со идентични днк анализи, а шансата за ова е навистина 1 на 1 милион.



