6 C
Skopje
среда, февруари 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Дали новата Лада Нива ќе биде најубавиот џип на светот: Цената е достапна за секој џеб

    Втората генерација на Lada 4×4 ќе биде поскапа од стариот модел, но сепак ќе остане една од најевтините понуди во сегментот, изјави поранешниот директор на АвтоВАЗ и следниот претседател на Groupe Renault, Никола Мор во интервју за Autonews.ru.

    Овој концепт кој е под називот 4×4 Vision е претставен на саемот за автомобили во Москва и токму овој концептен автомобил треба да го најави новиот модел Lada Niva 4×4.

    Концептот премиерно го претстави Стив Матин, шефот за дизајн во AvtoVAZ за кого може да се каже дека успеал да интегрира модерна дизајнерска филозофија во руската легенда.

    Како и за останатите модели кои ги претстави на овој саем AvtoVAZ не открива многу информации околу техничките и комерцијалните карактеристики на овој концепт.

    Она што е познато во јавноста произлегува од руските медиуми кои тврдат дека новата Niva ќе се појави средината на 2021 година.

    Овој SUV кој е 420 цм долг ќе биде опремен со 1.8 литарски бензински мотор со 122 КС, а со него доаѓа и целосно нов трансмисионен систем.

    Тука е и целосно новата внатрешност каде се додадени бројни нови детали, а централно место зазема LED дисплејот осетлив на допир преку кои може да се зададат најразлични команди на автомобилот, а истовремено да се интегрираат повеќе смарт уреди.

    Во моментот Lada 4×4 е доста поевтина од верзиите на Duster со погон на двете оски. Основната верзија на чини 499.900 рубли (околу 6.370 евра).

    Прототипот на следната генерација на модел беше прикажан на автосалонот во Москва.

    Претставниците на АвтоВАЗ објавувија дека сериската верзија на Lada 4×4 Vision може да влезе во производство во следните неколку години.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.