ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Го видел ова на вратот на жената од ТВ: Неговиот повик и го спасил животот

Никол Мекгинис успешно го завршила третманот против рак на мозок и сакала тоа да го прослави. Решила да купи куќа на плажа во Јужна Калифорнија и тоа преку една телевизиска емисија.

Меѓутоа, додека ја гледал спомнатата емисија, докторот Ерих Воит од Лонг Ајленд забележал нешто загрижувачко на грлото на Никол. Видел помала, но доволно воочлива грутка која се движела горе долу додека Никол зборувала.

Тој успеал да ја контактира преку социјална мрежа и најдобронамерно и кажал што поскоро да оди на преглед. За среќа, Никол го послушала и излегло дека станува збор за рак на тироидна жлезда.

-Според моето мислење, чудо е што тој тоа го видел преку телевизија“, кажала Никол.

Со оглед дека туморот колку – толку е откриен на време, единственото што останува е да се бори и биде позитивна, затоа што статистиката покажува дека 98 отсто од овие тумори се лекуваат.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.