ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ги затекнала своите синови прегрнати а тоа што постариот брат го шепотел на бебето и го скршило срцето

Шерил од Австралија знаела дека нешто се случува, но таа не знаела дека тоа ќе и го скрши срцето.

Таа го видела својот три годишен син Вилијам како нежно го прегрнува и му шепоти на неговиот помлад брат Томас.

Вилијам ја ставил раката на образот на својот помал брат и му шепотел: „Твојот постар брат е тука се е во ред„

Томас е роден со раничка на раката за која мислеле дека е белег, меѓутоа на шест недели, лекарите пронашле грутка во стомакот. Се покажало дека има туморот на бубрезите.

Со операција го отстраниле бубрегот, по што лекарите дијагностицирале дека тоа е редок и агресивен вид на рак, Rhabdoid тумор, кој е најчест кај бебињата и малите деца. Само 25 случаи годишно се евидентираат во цела Америка.

Само 30 проценти од пациентите имаат шанса да ја победат болеста, и се уште не е утврден третман за него. Затоа, Шерил, нејзиниот сопруг Џон и малиот Вилијам го поминуваат секој момент со Томас.

– Моето срце е скршено, секој пат кога Томас се насмевнува, бидејќи знам колку ќе ми недостига таа насмевка еден ден. И кога мислам дека повеќе не можам да  издржам веќе, гледам во неговото лице,дека е во неподносливи болки, и мислам дека и јас ќе умрам. Се будам со надеж дека сето ова е само еден лош сон, а потоа го гледам Томас во болка, и знам дека не е , за жал. Секоја вечер може само да се молам дека тоа не е нашата последна заедничка ноќ-  раскажала Шерил.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.