ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Врие од нив во август: Еве како да си помогнете доколку ве допре ова суштество

Уживањето на море често може да го расипат медузите. Отровот од овие желатинести морски суштества во контакт со кожата предизвикува болка слична на изгореница, а е проследена со црвенило и отекување.

Во ваков случај, прва помош е да останете смирени и да излезете од вода. Никако не ја тријте раната, бидејќи така ќе го потиснете отровот подлабоко во кожата.

За изгореницата од медузата да ја санирате успешно, следниот чекор е повреденото место да го измиете со морска вода, никако со слатка, за остатоците од отровот да се измијат подобро. Доколку на раната има и пипци од медузата, не ги отстранувајте со голи раце или пешкир. Употребете пинцета или сличен предмет.

На отеченото место може да ставате коцки мраз за да се намали отокот. Од помош може да биде и миење со физиолошки раствор, а во проверени алтернативни методи се вбројуваат и миење со оцет, како и масло од кантарион.

Во аптека може да побарате крема која содржи аналгетик и антихистаминик. Доколку симптомите не престануваат и не се ублажуваат по неколку часа, неопходно е да се обратите на лекар.

Инаку, големината на медузите не укажува на нивната отровност. И изгореница од најмала медуза може да биде причина за компликации.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.