ПВЦ прозорите се вистински спас, бидејќи пружаат подобра изолација од стандардните прозори.
Но, има трик кој ќе ви помогне дома да ви биде уште потопло, а за тоа треба да проверите дали на страничниот дел од прозорот имате рачка и дупки во кои може да влезе ѕвездаст шрафцигер. Доколку го имате тоа, тогаш значи имате и зимско подесување на прозорите.
Погледнете на видеото што треба да направите:
Важен трик – доколку не сте сигурно во која положба е вашиот прозор, со еден трик лесно ќе откриете. Притиснете лист хартија со прозорското крило. Ако можете да го извлечете без проблем, прозорот е во летна положба. Во спротивно, веројатно е во зимска.