Многу често се случува омиленото парче гардероба да ни се собере во машината по перењето. Ако ви се смали омилениот џемпер, тогаш има еден трик.
Ставете го во када, ставете му топла вода и регенератор за коса или детски шампон. Нека стои два часа, па потоа исцедете ја водата, па замотајте го во крпа џемперот.
Нежно растресете ја ткаенината, и внимавајте да не претерате за влакната да не попуштат и да не се скинат.
Кога ќе го истегнете џемперот до посакуваната величина оставете го да се суши.