Невидена паника настана кога за време на уживање во чамецот, Вејн Робинс и неговото семејство здогледале ѕвезчарка како плива директно кон нив.
За време на пловидбата на езерото Фонана во Северна Каролина, Робин и неговата сопруга ги повеле двете деца и уште четири други.
Кога ја здогледале отровницата, на чамецот настанала паника. Сѐ се одиграло во неколку секунди, но глетката била застрашувачка.
Видеото го снимила 14-годишната ќерка на Вејн, Кетлин додека останатите деца врескале и „ја молеле змијата да отплива подалеку“.
За среќа, после неколку секунди на платформата, змијата се вратила во водата и продолжила да плива подалеку од чамецот.