Сопственик на еден ресторан во Јоханесбург успеал да спречи киднапирање на дете.
Како што се гледа на снимката од безбедносна камера, две жени заедно со 4-годишно девојче седеле на маса, кога одеднаш се појавил маж кој ја прескокнал оградата и го зграбил детето за врат.
За среќа, сопственикот на ресторанот многу брзо реагирал, го соборил на земја и го совладал.
“Ова е одлично, ни требаат повеќњ вакви луме”, стои во коментар под видеото.
Угостителот рекол дека и самиот тој е татко и затоа бурно реагирал.