Студентката Џение Миени била опседната со танцување, а денес едвај може да стане од кревет.
Таа била во училишниот камп кога ја каснало крлеж и кога ја добила опасната болест.Откокот се зголемувал, а докторите не знаеле за што станува збор.
Следните 16 години посетила преку 100 доктори и специјалисти, а повеќето од нив и рекле дека се е во ред. Како што поминувало времето, нејзиното здравје се влошувало до точка што не можела да ги извршува ни најпростите работи. Губела меморија, а и имала когнитивни проблеми.
Меѓутоа, откако изгледала видео за лајмска болест, отишла на доктор кој и кажал дека таа боледува од истото.
Денес таа мора да зема бројни лекови за да ја поправи штетата која настанала со текот на годините.