На едно 8 годишно девојче и пришол непознат човек додека си играла на игралиштето и ја повикал да дојде со него.
Тој и рекол дека се случило нешто со нејзината мајка и дека таа го испратила по неа.
Девојчето го замолило да ја каже лозинката. Странецот почнал да заобиколува и не се снашол веднаш, а девојчето во истиот момент побегнало.
Излегло дека мајката и ќерката имале смислено лозинка за во случај на мајката да и биде потребна помош од ќерката и ако испрати некој непознат по неа да знае да ја каже лозинката.