6 C
Skopje
среда, октомври 4, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Колку треба да трае сексот за жената максимално да ужива?

    Истражувањата докажале дека просечното траење на сексот е помеѓу 5.5 и 7.5 минути. Но, дали тоа е доволно за жената максимално да ужива во сексот? Дознајте во продолжението на текстот.

    Неколку студии утврдиле дека кај повеќето парови сексот трае помеѓу 5.5 и 7.5 минути, не вклучувајќи ја предиграта, која е круцијална за целосно сексуално задоволство.

    Со оглед на денешното забзано темпо на живот, не не` чуди тоа што уживањето во интимните моменти со партнерот се сведува на неколку кратки минути. Но, следниот податок би требало да ги мотивира паровите да разменуваат нежности и сексуалните односи со саканата личност да не ги сведуваат само на механичка и брза „акција“.

    Имено, за да бидат целосно задоволни и за максимално да уживаат во сексот, жените сакаат самиот сексуален чин да трае подолго.

    Истражувањето на магазинот “Journal of Sex Research” открило дека жените сакаат предигра која ќе трае од 11 до 13 минути и потоа од 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација.

    „Секогаш ги поттикнувам паровите да уживаат во што подолга предигра пред самиот чин на секс. Колку подолго трае предиграта, толку полесно ќе доживеете оргазам“, советува Иан Кернер, сексуален и брачен терапевт.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.