6 C
Skopje
четврток, ноември 13, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Го чистел автомобилот и пронашол лото ливче старо една година: Кога ја проверил комбинацијата се запрепастил

Австралијанец од Нов Јужен Велс станал милионер откако чистејќи го својот автомобил пронашол лото тикет, стар една година, пренесува Би-Би-Си.

Старецот кој сакал да остане анонимен, заборавил дека купил ливче уште во јануари минатата година. Кога ги проверил броевите на интернет, сфатил дека освоил повеќе од милион долари (980.000 евра).

-Среќен сум што не ја земав старата торба од автомобилот и не ја фрлив во отпад. Малку е глупаво што заборавив на своето лото ливче и можев овие пари да ги имам одамна, но нема врска, ги имам сега – рекол старецот.

Тој парите ќе ги вложи во куќа за своите деца и образование на своите внуци. Сопственичката на киоскот од кој минатата година тој го купил лото ливчето, Черил Такермен, рекла дека ѝ олеснило, бидејќи секојдневно доаѓале многу луѓе да прашаат дали победникот е пронајден.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.