На Јутјуб се објавени две видеа од прославата на Нова година во Лерин, Егејска Македонија (Грција) каде што над 2.000 Македонци со македонски песни и ора ја слават „најлудата ноќ во годината“.
И додека во Грција нашинците после децении на притисоци, забрани, затварања и убиства за користење на македонскиот јазик и песна, полека полека се ослободуваат и слават нова година со македонски песни и ора, тука, во оваа Македонија, во скоро секоја кафана, секој втор се мава од земја и лепи пари на српски песни, 80% од музиката е српска, а во последно време лета и по некој бугарски хит. Жалосно.
Очигледно нешто треба да се забрани па после да стане интересно за употреба.
Погледнете ги овие две видеа:
Извор: Javno.mk