Албански рибари во близина на островот Сазан кај Валона „уловиле“ воена мина останата од Втората светска војна, тешка околу 600 килограми.
Албанските медиуми јавија дека мината од водите на Јонското Море се нашла во мрежите на рибарите, а тие изјавиле дека истата била на длабочина од околу 160 метри.
Риболовците ја информирале албанската полиција, која потоа мината ја траспортирала кај воената база „Трипорт“ во близина на Зврлец. Според информациите, специјализирани сили на албанската армија ќе извршат понатамошни испитувања врз застарената експлозивна направа.
Инаку, островот Сазан, во чија близина била пронајдена бомбата, во минатото на комунистичка Албанија се користел како една од главните воени бази во земјата.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИСИТЕ ВЕСТИ
ИНТЕРЕСНОСè започна кога еден ден ми се појави Св.Петка: На Љиљана Хабјановиќ овој повик засекогаш ѝ го промени односот кон животот22/10/2026
ИНТЕРЕСНОУдрил со рака по лицето на Богородица и веднаш ослепел: Иконата со неверојатна моќ за која многумина не знаат21/10/2026
НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ














