Сигурно сте биле во дом, каде сте се чувствувале супер пријатно и удобно, како и во таков каде ви се чини дека нешто ви пречи и ве оптоварува, па поради тоа не можете да се опуштите. Најлошо е втората опција да биде вашиот дом!
Причината за ова често се крие во негативната енергија (или да не даде Господ магија), која од своја страна може да доведе до заболување, тешкотии, сиромаштија, несреќна љубов и разделби. Затоа да видиме како да се заштитите од неа.
Прво треба да проверите дали во вашиот дом всушност има негативни влијанија. Најлесен начин е да запалите црковна свеќа и полека да го обиколите вашиот дом. Ако пламенот почне да трепери или испушта звуци, значи нешто во аурата на вашиот дом не е во ред!
Другата опција е да ги набљудувате вашите миленичиња. Ако тие се нервозни и спијат во близина на вратата, тоа е исто така знак за негативна енергија. Исто така треба да внимавате, доколку вашите цвеќиња не виреат и умираат без причина! Побарајте чудни предмети, за кои не знаете од каде дошле!
Како да ја отстраните негативната енергија и да го заштитите вашиот дом?
Најдобар начин е да доведете свештеник кој ќе го освети. Но сосема мирно можете да ги пробате и овие методи.
1. Направете декорација со зрна од пченка, ‘рж или јачмен и ставете по една во секоја соба. Тие треба да се заменуваат редовно.
2. Земете мускат (вид мирисно грозје) кое треба да е црвено! Не можете да замислите колку брзо ја повлекува негативната енергија ова овошје. За разлика од палмите, кои во принцип се “провајдери” на негативни бранови.
3. Направете венец со гранчиња од врба и закачете го на влезната врата.
4. И најважно – обидете се да не повикувате луѓе во вашиот дом, по чија посета се чувствувате нервозни, изнемоштени или примате чудно нерасположение.





