Жените често имат секс со мажите со надеж дека на тој начин нивните средби ќе резултираат со врска. Но во реалноста, мажите емотивната и сексуалната врска ја доживуваат како два различни поими.
Се со цел да им се допаднат на мажите, жените често свесно, но и несвесно, го менуваат своето однесување и прават работи со кои постигнуваат спротивен ефект. Во понатамошниот текст дознајте кои се трите најчести женски грешки во однос на потенцијалниот партнер.
Оставаат впечаток на несигурни и слаби жени
Дури и жените со голема самодоверба, понекогаш умеат да остават впечаток на несигурни и несамостојни личности на кои итекако им се потребни мажите, а тоа е една причина која ги одбива мажите и ја убива шансата за врска. Таков впечатк оставаат и со желбата за истакување во јавност, говорејќи за недостатоците на бившите и зборувајќи лоши работи за други жени. Размисле ако зборувате лошо за бившиот, Вие автоматски зборувате и за самите себе. А со тоа што зборувате лоши работи за другите жени, ги истанувате сопствените негативности.
Ја задоволувате неговата сексуална страна, а заборавате на емотивната
Многу жени мислат дека мажот пред се е само сексуално битие и дека ќе можат да го привлечат емотивно само доколку го привлечат во сексуална смисла. Жените често имаат секс со мажите од причина дека на тој начин ќе го задржат за себе и нивниот однос ќе прерасне во врска. Но во реалноста, мажите емотивната и сексуалната врска ја доживуваат како два различни поими.
Не знаат да го препознаат потенцијалот за врска
Честопати жените гледаат потенцијална врска таму каде ја нема. Доколку чувствуваат силна привлечност, го игнорираат разумот и инстиктите, кои го предвидуваат фактот дека тој маж не е потенцијален за врска и никогаш нема да биде. Многу е важно да се препознаат предупредувачките сигнали, како што се лошо или агресивно однесување, незаинтересираност, изневерување, додворување на други девојки, сигнали на кои треба да се обрати внимание уште на самиот почеток, како би се поштедиле од поголеми разочарувања.