Многумина тврдат дека мажите и жените не моат да бидат пријатели, а најновите истражувања покажаа дека тоа тврдење не е далеку од вистината бидејќи дури 37% од луѓето за време на секс фантазираат за пријателот или пријателката.

На интернет страната adamandeve.com направено е истражување во кое учествувале повеќе од 1000 американци, а темата била „секс и за што луѓето фантазираат за време на сексот со партнерот или партнерката“.

Поголемиот број од испитаниците, дури 37,3% за време на сексот фантазираат за пријателот или пријателката. Од нив, 35% признале дека фантазираат за некој познаник или познаничка, 34% за бившиот или бившата, а 31,7% за некоја позната личност.

Кога мажите и жените кои учествувале во истражувањето можеле да избираат повеќе од еден одговор, 19% од нив истакнале дека фантазираат за колега или колешка.

Чад Дејвис, директорот за маркетинг на Adam & Eve смета дека фантазирањето за пријателот или пријателката за време на сексот не мора да биде лоша работа. „Сексуалниот живот на возрасните вклучува и фантазирање. Тоа може позитивно да влијае на сексуалниот живот“ – вели тој.