6 C
Skopje
сабота, јули 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Рецепт на денот: Мусака со спанаќ

    Спанаќот е здрава и вкусна храна која треба да се конзумира барем еднаш неделно за да го заштитите организмот од разни заболувања и да си го зајакнете имунитетот. Ние ви нудиме вкусен рецепт за денешниот ручек – мусака од спанаќ!

    spanak_furna2

    Производи:

    -500 г мелено месо,

    -500 г спанаќ,

    -2 јајца,

    -3 лажици растително масло,

    -1 врска свеж кромид,

    црвен пипер, магдонос, сол.

    За прелевање – 2 јајца, малку брашно, 150 г јогурт.

    Подготовка: Кромидот пржете го малку во маслото. Откако ќе омекне, се додава меленото месо и повторно пржете малку. Зачинете со црвен пипер и сол. Спанаќот се задушува во малку вода и штом ќе поомекне, се остава да се исцеди. Готовиот спанаќ се сецка и се меша со две тврдо варени јајца, растително масло и ситно сецкан магдонос. Сето се меша и се зачинува со црвен пипер и сол. Во намачкана со масло тава на наизменични слоеви се редат меленото месо и смесата од спанаќ. Се прелева со 1/2 чаша топла вода и се пече во умерено загреана рерна. Кога ке видите дека веќе е готово прелејте со смесата од јајца, брашно и јогурт и печете уште десетина минути. Добар апетит.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.