6 C
Skopje
понеделник, мај 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во бананите пронашла нешто страшно што ја натерало да го напушти домот!

    Бебињата на најсмртоносниот пајак на светот бркале мајка и нејзиното седуммесечно бебе од нивниот дом, откако излегле од кожурецот закачен за банана купена од локален синџир супермаркети, пишува Мирор.

    Џема Прајс (30) од Стенли, округот Дурам, минатата недела откри потомство на бразилски скитник пајак, вид чиј отров може да убие возрасен човек за два часа.

    Таа можела да се врати дома, со својот 7-месечен син, дури кога специјалистите што ги повикала не се јавиле да кажат дека ги уништиле пајаците.

    Еве што вели таа: „Во понеделникот купив банани од АСДА во Стенли. Следниот ден дојдов дома од теретана, грабнав една од садот и се качив горе. Додека ја лупев бананата, пукна бел кожурец од јајце што до тој момент не го забележав и стотици ситни пајаци ми лазеа по рацете и пижамите. Ја фрлив бананата на креветот и пајаците постојано излегуваа од кожурецот и се лизгаа насекаде

    . Се уплашив и почнав да врескам додека се обидував да убијам што повеќе од нив. Некои од нив влегоа во креветот на моето бебе Лео. Го грабнав и веднаш се јавив на 911. Операторот праша дали сме каснати, а кога му реков не, ми рече веднаш да го напуштам имотот и да не се враќам. Мајка ми живее од другата страна на улицата, па за среќа имавме каде да преноќиме“.

    Кога жената се јавила во продавницата каде што го купила „овошјето за изненадување“ за да ја предупреди, менаџерот и рекол да ги врати бананите и пајаците за да ги врати парите.

    „Беше апсолутно комично. Немаше шанси да се шетам со потенцијално отровни пајаци во чантата“, рекла жената.

    Следниот ден решила да се јави во седиштето на АСДА за да пријави што се случило, но тие и рекле дека не можат ништо да направат и и предложиле да ја донесе облеката на бебето за да ги изчистат пајаците од нив. Таа им објаснила дека излегла од дома без да земе ништо со себе. Во знак на добра волја, продавницата понудила да и даде ваучер од 50 фунти за да купи неопходни работи за бебиња од нивната продавница.

    Прајс потоа стапила во контакт со Здравство и животна средина на округот Дурам, каде што ја упатиле на контрола на штетници. Од таму, пак, и објасниле дека не можат да се справат со напад на странски пајаци и треба да повика специјалисти.

    „Јас сум готвач и претходно сум се сретнала со тропски пајаци. Пред неколку години ме касна лажна вдовица пајак и завршив во болница. Сега, работите можеби ќе имаа многу поинаков исход ако пајаците беа возрасни“.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.