Рафаел Надал мораше да игра трет сет, меѓутоа го совлада Григор Димитров за да се пласира во финалето на Кина опен во Пекинг.

31-годишниот светски рекет број 1 ќе ја брка шестата титула оваа гоидна, откако со 6:3/4:6/6:1 го совлада бугарскиот трет носител на тврдата подлога во Пекинг. Надал и Димитров, инаку се добри пријатели ни надвор од тенисот, но на теренот преовладуваше желбата за победа.

Димитров успеа да се врати од сет-негатива, но во одлучувачкиот сет со публиката зад себе и со уморниот Димитров од другата страна на мрежата, 16-кратниот гренд слем шампион Надал уште еднаш ја покажа одличната форма.

Во финалето Надал ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Александер Зверев и Ник Кирјиос.