6 C
Skopje
петок, април 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ја нарекуваат дар од Бога – ја намалува простатата, па дури и лекува дијабетес

    Копривата е ефикасен лек за прочистување на крвта, но и силен борец против слабокрвноста и опаѓањето на косата.

    Оваа билка е бесплатна супер храна, со исклучително хранлива вредност и одличен извор на витамините А, Ц, Б, D, K, на минералите калциум, калиум, магнезиум, железо, силициум, сулфур и, се разбира, на хлорофил и ензими. Копривата помага при висок крвен притисок, анемија, алергии, артритис, а исто така и за сите видови кожни заболувања. За да ги искористите нејзините придобивки консумирајте ја свежа, бидејќи ако ја готвите таа губи дел од хранливите вредности.

    Иако е супер храна на нашата трпеза ретко е застапена. Таа е корисна за прочистување на крвта, ги спречува воспаленијата и ги исфрла штетните токсини од нашиот организам. Заради големото количество на хлорофил помага и во обновување на оштетените клетки. Листовите на копривата содржат 5 пати повеќе калциум и шест пати повеќе витамин Ц од спанаќот.

    Важно е да запомните дека само во пролет се собираат листовите и врвовите, од пролет до есен се собираат корените. Единствено семето се собира во август и од него се прават лекови.

    Зошто да пиете чај од коприва?

    Научните истражувања покажале дека копривата е делотворна и кај алергиите кои се поврзани со доаѓањето на пролетта. Но, пред да почнете да користите сируп, екстракт или чај консултирајте се со вашиот лекар.

    Заради големата количина на калиум копривата делува диуретски, па затоа и се користи за лекување на воспаленијата кај мочните патишта и спречува појава на камења во бубрегот. Чајот од коприва придонесува за зголемување на црвени крвни зрна и штити од анемија. Како „чистач“ на крвта, чајот е корисен и за акните.

    Се препорачува и за лечење на инфекциите на устата, афти или воспаленија.

    Како лек за проблемите со желудникот и простатата треба да се приготвува чај со целата билка. Во два литра вода се ставаат три супени лажички сечкана коприва која треба да отстои од 10 до 12 часа.

    Потоа се вари пола часа, и кога ќе се олади се консумира по една шолја, три пати на ден пред јадење. Овој чај служи и за прочистување на цревата, желудникот и простатата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.