6 C
Skopje
четврток, април 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ФОТО: Имала 126 килограми и мислела дека животот ѝ е уништен – го променила животот и денес е манекенка

    Матилда Броберг на 22 години целосно го променила начинот на живот, а се започнало од драматичното слабеење.

    Матилда цел живот се мачела со вишокот килограми и сакала да се доведе во ред, а како што вели, никогаш не можела да најде доволно мотивација и волја да го спроведе тоа во дело.

    -Станав гојазна на 14 годиним а потоа се беше полошо и полошо бидејќи правев се што прави моето друштво. Меѓутоа, моето друштво уживаше во сладоледите, благите и пиците, што јас себеси не можев да си приуштам, бидејќи бев дебела. Сепак, јадев со нив – вели Матилда, додавајќи дека притоа водела и многу неактивен живот.

    Она што навистина ја навело да направи нешто за себе и излегувањето со друштвото и забавниот парк, каде ѝ било кажано дека е претешка за сите машини на кои сакала да се вози. Тогаш започнала диета.

    -Мора да удрите само на дно за да промените нешто. Така и јас после тоа ги исфрлив сите грицки и благи, но и лебот и тестенините. Штом престанав да ги јадам тие мрсни и калорични работи, килограмите почнаа да се топат, а јас имав и трикови со кои си ја зголемував издрќливоста.

    Таа вели дека пред се најмногу ѝ помогнале малите порции.

    Матилда во меѓувреме станала манекенка и личен тренер. Пред тоа поминала низ операција за отстранување на вишокот килограми.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.