6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ужас! Пронајдоа 9-годишно момче онесвестено, држено под клуч цела година – ваква беда не сте виделе!

    Страшна слика предизвика симпатии на илјадници на социјалните мрежи. Веста за деветгодишното момче кое беше пронајдено онесвестено во стан расфрлан во ѓубре во северозападната турска провинција Бурса ги шокираше и ги налути корисниците на социјалните мрежи.

    Детето било затворено речиси една година, јавува новинската агенција Демирорен (ИАД).

    „Ноктите на момчето достигнале 4 см, а неговата коса била многу долга. Тој дури и уринирал и одел нужда во собата со месеци“, изјави запрепастениот службеник од полицијата што го најде.

    На вратата од станот беше залепено предупредување: „Не влегувај! Или ќе поднесам пријава за силување на суд!“

    Момчето, чие име е Џем, било хоспитализирано на превентивни прегледи и лекување. Неговата состојба е стабилна, но тој е екстремно изнемоштен, до степен на анорексија. Малото момче, кое е високо 138 сантиметри, сега тежи 17 килограми.

    Според полицијата, станот во кој е пронајден Џем го изнајмил неговата тетка Камуран А. Но бидејќи тетката не плаќала кирија една година, станоиздавачот се обратил на суд.

    Со дозвола на судот, службениците од полиција влегле во куќата скршејќи ја вратата и биле шокирани кога виделе тони ѓубре. Но, најголемиот шок бил кога го пронашле малото момче внатре, свиткано во топка во ќош, онесвестено и опкружено со неподнослива смрдеа.

    Каморан А. ја обвини нејзината сестра, мајката на Џем, Јасемин А., дека одбила да се грижи и го напуштила нејзиниот син.

    Јасемин А., која веднаш дошла од јужната провинција Анталија во Бурса, рече дека нејзината постара сестра е ментално болна и го киднапирала момчето.

    „Се разведов и се преселив во Анталија на работа. Мајка ми се грижеше за Џем. Таа умре пред три години, а сестра ми стана негов старател“, рекла мајката и додала: „Го криеше мојот син од мене. Поради пандемијата, две години не можев да одам во Бурса да го барам“.

    Под обвинение за „мачење на дете“ е приведена Камуран А., а нејзината 15-годишна ќерка е ставена под социјална заштита.

    Проф.д-р. Јозкан од клиниката каде е згрижено пронајденото дете изјави дека момчето не одело на училиште и било целосно неписмено. Неговата општа состојба е умерено добра. Џем Мухамет А. дури им рекол на лекарите: „Среќен сум што сум овде“.

    Главниот лекар на болницата проф.д-р Јилдирај Ганг додаде дека по долгата неухранетост, враќањето на нормалниот режим ќе биде постепено. На момчето му се дава лесна храна за неговото тело да се навикне на храната.

    Џем е ставен под социјална заштита.

    Динчер Јилмаз, продавач во блискиот супермаркет, за медиумите изјави: „Бидејќи бевме соседи со жената, ја видовме како влегува и излегува само навечер. Никогаш не ја видов да влезе наутро. Доаѓаше и си заминуваше навечер. Често носеше две или три торби за пазарење. Понекогаш купуваше од мене. „Таа беше чудна, но добро облечена жена.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.