6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Се огласи мајката на детенцето чиј живот минатата ноќ вредеше 5 денари: Ќе можевте ли да ме погледнете во очи ако тој синоќа умреше

    „Здраво, јас сум мајка на момченцето чиј живот минатата ноќ чинеше денари. Дојдов да ве погледнам во очи и да прашам дали вие можете да ме погледнете во очи денес, ако тој умреше синоќа како куче пред вашата продавница.“

    Ова прашање до продавачите во продавница во Бачка Паланка, Србија, ја испрати Марија М. (39), чиј четиринаесетогодишен син М.С., кој страда од дијабетес, за малку ќе умрел кога му се слошило и не сакале да му дадат обична чоколадна банана за да му се покачи шеќерот.

    За трагедијата да биде поголема, продавачот дури го удрил другарчето на болното детенце, кое во паника, кога М.С. паднал на земја и почнал да се тресе, се обидел да му помогне.

    – Во четвртокот вечерта работев втората смена, а мојот син излезе на прошетка. Тој секогаш го прави тоа после оброк, затоа што мора да биде физички активен поради дијабетес. Тој со себе зеде две чоколадни банани, уред за мерење на шеќер во крвта и пенкало-инсулин. Во еден момент му се слошило. Неговиот шеќер бил 3,2, а нормалните вредности се од четири до шест.

    Ги изел и двете чоколади што ги имал со себе, но неговата состојба се влошила за пет минути. Неговиот шеќер во крвта паднал на 1,9. Се тресел и сите мускули му се грчеле. Другарот кој бил со него се исплашил и испаничил. Заедно влегле во продавница. Син ми им рекол на продавачите, и маж и жена, дека има дијабетес, дека е болен и побарал чоко банана за да го зголеми нивото на шеќер во крвта. Тие го избркале и рекле: „Ако немате пари, излезете“ – вели за српски „Курир“ мајката Марија.

    Момчето излегло од продавницата и паднало на бетонот. Со последната сила го дал телефонот на другарот и го замолил да ја повика тетка му, бидејќи не сакал да ја вознемирирува неговата мајка затоа што била на работа.

    – Другарот на мојот син повторно влегол во продавницата. Бил многу исплашен, не гледал друго решение, па се обидел да украде чоко банана. Продавачот му удрил шлаканица и го избркал. Сестра ми дошла за пет минути. Таа го пронашла Михајло како лежи на бетонот. Другарот плачел. Син ми бил буквално неколку секунди далеку од сигурна смрт. Тој сè уште бил свесен, но можел да падне во кома секоја секунда – вели Марија.

    „Започнавме внатрешна истрага

    Компанијата на својата официјална веб-страница „изрази длабоко жалење и загриженост за немилиот настан“.
    – Организиравме внатрешна истрага, во која, покрај вработените, го вклучивме и семејството на момчето со желба што побрзо да го дознаеме текот на настаните и виновниците, за да се преземат соодветни дисциплински мерки. Наша должност е да кажеме дека првите резултати покажаа дека немало физички контакт помеѓу нашиот вработен и момчето, како што првично беше објавено. Исто така, вработените трговци не биле свесни дека на момчето пред малопродажниот објект, му била потребна помош поради здравствената состојба“, велат од продавницата.

    Момчето М. С. се чувствувало подобро веднаш откако испило Кока-Кола, тетка му го одвела дома и дури тогаш ја известиле мајка му што се случило.

    – Не ги затворив очите таа вечер, едвај чекав утрото да одам таму. Ги прашав дали може да ме погледнат во очи ако син ми умрепе, а продавачот рече: „Веројатно не“. Тие исто така ми рекоа дека не знаат што е дијабетес и што би било ако некој секој ден им бара по нешто така, а јас им реков дека не мора да знаат што е дијабетес за да бидат луѓе. И, претпоставувам, дека секој ден не доаѓа по едно детенце да ве замоли за чоко банана за да остане живо?! – рекла Марија.

    Весел дух и покрај болеста

    -Синчето ми им прости, но јас не можам – вели мајката.

    Инаку, 1 мај ќе биде точно една година откако е откриено дека М. С. има дијабетес тип 1 кој е неизлечив. Живее нормално како неговите врсници само што мора да внимава многу повеќе од нив.

    – Прстите на моето детенце се со рани поради боцкање и мерење на шеќер во крвта. Сепак, тој го прифати тоа многу лесно, и никогаш не клекна на колена. Тој е со весел дух и има благородна душа. Тој сигурно им простил и заборавил на продавачите, но јас сум мајка, не можам.

    извор:курир.рс
    фото:Printscreen/Instagram

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.