6 C
Skopje
недела, април 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Поради силни турбуленции патници во авион се удирале од плафон на летот Приштина-Базел (ВИДЕО)

    Патниците во авион на бугарска авиокомпанија скокале од седиштата поради силни турбуленции сè до плафонот, и еден врз друг. Десетмина се повредени. Еден од патниците го снимил ужасниот момент, пренесѕва MKD.mk.

    На летот Приштина – Базел десет лица се лесно повредени поради силни турбуленции.

    Авионот, кој летал кон Базел, Швајцарија, од Приштина, Косово, наишол на силни турбуленции околу 30 минути по полетувањето, што предизвикало нагло паѓање на висината, поради што патниците „летнале“ во воздух.

    „Мислам дека бев во несвест еден краток миг“, изјави 51-годишниот патник Идриз Брахим за швајцарскиот весник 20 Минутен. Брахим, кој претрпел потрес на мозокот, рече дека се сеќава само на врисоците на своите сопатници пред да тресне со глава на плафонот на боингот 737-300.

    На видеото може да се види како „лета“ и количката за храна, а нејзината содржина, вклучувајќи и топол чај и кафе, се распрскува врз патниците.

    Десетмина од 121 патник во авионот побарале третман за своите повреди по инцидентот, некои од нив за изгореници.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.