6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ова е режим: Десетина полицајци брутално претепаа демонстрант кој немоќно лежеше на асфалтот

    Два дена по ред во Белград протестите против најавениот полициски час и претседателот Александар Вучиќ излегуваат од контрола и на улиците буквално се води војна помеѓу демонстрантите и полицијата.

    Снимки од полициска бруталност и вчера се појавија на социјалните мрежи – полицијата на белградските улици тргна во јуриш, а во нивната „офанзива“ на асфалтот соборија еден демонстрант.

    Демонстрантот кој лежеше на асфалтот најпрвин беше брутално претепан од тројца полицајци, а потоа буквално кој ќе стигнеше го тепаше со пендреци и клоци. Набрзо потоа, со оглед на тоа што пристигнаа полициските возила, тројца полицајци го одвлекоа демонстрантот на страна и така повреден го оставија да лежи на тротоарот.

    Најновите видеа кои прикажуваат прекумерна употреба на сила ја разбеснија српската јавност и револтираните граѓани велат дека ова не е ништо друго освен режимска полиција која им се одмаздува на граѓаните затоа што се против власта на Вучиќ.

    Извор: Tocka.com.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.