6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ова е најбогатиот музичар на Балканот, ја шие и Лепа Брена, еве колку вили има и колку „тежат“

    а овој музичар кој е од Сараево, а стана познат во целиот свет, се смета дека важи за еден од најбогатите луѓе во регионот, и дека ја надминал дури и Лепа Брена.

    Станува збор за поранешниот фронтмен на најпопуларната рок група „Бијело дугме“, а сегашен водач на „Оркестар за свадби и пог реби“, Горан Бреговиќ.

    Се проценува дека неговото богатство вреди 35 милиони евра.

    Имено, како што тврдат неговите соседи, Бреговиќ има околу 15 куќи само во Белград, од вкупно триесет.

    Кога ќе дојде во Србија со своето семејство, тој живее во луксузна вила на Сењак опкружен со висока ограда и со далечинско контролирана врата од гаражата.

    Горан Бреговиќ има многу успеси во бизнисот, а покрај тоа што е еден од најуспешните музичари надвор од границите на поранешна Југославија, тој може да се пофали и со успешен приватен живот.

    Познато е дека од брачната заедница со Џенана Бреговиќ, Брега има три ќерки – Ема, Лула и Уна.

    Ако го погледнеме неговото потекло, неговиот татко е Хрват, мајката му е Србинка, неговата сопруга е муслиманка и сите три ќерки се од различна религија.

    Од гледна точка на неговата сопруга Џенан Бреговиќ и негова, тоа е избор на нивните наследнички.

    Моите деца кога беа мали, тие беа муслимани за време на Бајрам затоа што тогаш добиваа подароци, а за време на Божиќ и Велигден беа христијани затоа што и тогаш добиваа подароци.

    Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната, која сега е во пубертет, е будист.

    Тоа, се разбира, не ми пречи. Моите деца ќе бидат Французинки, иако сакаат да доаѓаат во нашиот регион и имаат другарки тука – рече тој и додаде:

    A, за мојата сопруга и за мене е доцна, ние двајцата секогаш ќе бидеме наши. Лечени наши. Теш-ко е во животот од тоа да се излечиш“, рече Бреговиќ пред неколку години во интервју за „Блиц“.

    Секоја вила на Горан Бреговиќ се проценува на најмалку еден милион евра. Тој има имот од 450 квадратни метри на Јахорина во Босна и Херцеговина.

    Потоа, тој има две куќи во Пераст и дом за стари лица, во кој има инвестирано нешто повеќе од милион евра, потоа вили во Париз, Истанбул итн.

    Според медиумите, Новак Ѓоковиќ е „тежок“ со 220 милиони долари, Горан Бреговиќ и Здравко Чолиќ со по 20 милиони, а легендарниот Владе Дивац има заработено 45 милиони долари.

    Фото: Јутјуб принтскрин

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.