6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВМРО-НП: Непотребно се создава паника дека училишниот предмет – историја ќе бил укинат

    Во поглед на најновите реформи во македонското образование, ВМРО-Народна партија смета дека непотребно се создава  атмосфера на паника дека училишниот предмет – историја ќе бил укинат.

    Од самиот концепт се гледа дека историјата како предмет останува и се поврзува со географијата, впрочем во најголем дел од Европа така функционира образовниот систем, а тој концепт не ја изостава ниту Македонија овобено во приватните училишта каде обично таа комбинација се нарекува “Social Studies” или општествени науки.

    Истовремено ВМРО-Народна партија реагира за предлог – предметот „Јога“ кој би се вовел во македонскиот образовен систем и укажува на моментот дека јогата како предмет не е само физичко вежбање туку пред се јогата има сопствено религиозно значење во кое поединецот се поврзува со хиндуистичките божества.

    ВМРО-Народна партија смета дека со ваквиот предлог може да се  напушти секуларизмот во македонското образование, а и да доведе до повреда на религиските чувства на двете најголеми религиозни заедници во Македонија, христијанската и исламската.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.