6 C
Skopje
четврток, септември 21, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Тројца починати од Ковид-19 во едно деноноќие во Делчево, помеѓу нив и културниот работник Слободан Цобе Илиоски

    Три смртни случаи  од Ковид-19, во едно деноноќие во Делчево. Меѓу починатите од корона вирусот е и истакнатиот музички работник Слободан Цобе Илиоски, од кого денеска градот се простува.

    Делчево денеска загуби голем културен работник, се вели во објавата на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров“ по тој повод.

    – Слободан Илиоски – Цобе е професор по музичка уметност во СОУ „М.М.Брицо“, долгогодишен соработник на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, прекрасен човек, колега, омилен меѓу учениците и граѓаните на Делчево. Во својот богат работен век, беше член на оркестарот и пеачката група „Распеани Делчевчани“, како и на  групата „Делчевска тајфа“, а од 2009 година наваму работи како раководител на пеачката група „Ѓурѓа“ и оркестарот „Пијанечки еснафи“ како дел од работата на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево. Со овие ансамбли и групи има настапувано на многу концерти во нашата држава, но и надвор од неа, каде успешно ја презентира македонската песна.

    Почивај во мир, драг и почитуван колега, вечна ти слава, се вели во прошталниот говор на колегите.

    Во изминатото деноноќие, како што претходно соопштија здравствените надлежни, животот го загуби и 43 годишен судски работник од Делчево, како и 78 годишен жител на село Стамер.

    До денес во Делчево има 76 активни случаи со Ковид-19 од кои дел се жители на општина Македонска Каменица.

    Извор: МИА / Фото: МИА

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.