Трагедија се случила во предградијата на американскиот град Мемфис, пишува NBC. Две кучиња ги нападнале и ги убиле децата на семејството кое ги одгледувало.




Повредена е и мајката на двете загинати деца.




Полицијата соопшти дека кога пристигнала, 2-годишното девојче и нејзиниот 5-месечен брат веќе биле мртви.




Повредите на мајката се исто така сериозни и таа е хоспитализирана.
Двата питбула биле еутаназирани од ветеринари, соопшти Канцеларијата на шерифот на градот Шелби.




Имињата на децата и нивната мајка не беа објавени.




Шерифот Џон Морис рече дека истрагата за тоа што довела до трагедијата се уште е во тек.