И додека некои луѓе едвај скрпуваат крај со крај и тешко можат да си дозволат летен одмор, некој во ноќен клуб на хрватскиот остров Хвар плати неверојатно голема сметка за пијалоци – речиси 100.000 куни ( околу 13.000 евра).
– За тие пари може да се купи автомобил, да речеме половно БМВ 1 од 2015 година, или нова Опел Корса, Цитроен Ц1 …, пренесува Слободна Далмација.
Пиеле шампањ, коктели, сокови. Сметката е спподелена на социјалните мрежи.
Погледнете ја и сами сметката:
Во сметката се наведува дека во вторникот вечерта тие потрошиле скоро 100.000 куни за пијалоци, а најмногу е одвоено за пет шишиња „фенси“ текила Don Julio Anejo – 24.000 куни.