6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Откриена причината за смртта на младото момче од Виница кое беше пронајдено близо до трговски центар во Софија

    Страшни вести ја стресоа Виница и регионот пред неколку дена…Телото на Стојан Спасов(26) од Виница е пронајдено пред три дена во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија!

    За оваа вест институциите молчеа, медиумите не информираа два дена, а сето тоа придонесе претходните денови на социјалните мрежи да се шират разни приказни околу причините за тоа како и зошто згасна млад живот.

    ММС во текот на вчерашниот ден побара одговор од Минстерство за надворешни работи, но од таму одговор дадоа дури вчера приквечер.

    -Веднаш штом добивме информација за починат наш државјанин, С. С. во Република Бугарија, преку Амбасадата на Северна Македонија во Софија, стапивме во контакт со надлежните органи, од каде добивме првични информации за случајот.

    Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава, и истите се соодветно информирани за случајот.

    Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата, беше информацијата од МНР, која не беше доволна за да престанат шпекулациите за смртта на младото момче.

    ММС стапи и во контакт со семејството Спасови од Виница, кои во сета болка која ја доживејаа, многу се разочарани од сите шпекулации кои се кажале вчера.

    -Не сакаме никој да ја почуствува болката што ја чувствуваме ние, но сепак сметаме дека секој треба да има барем малку човечност и доблест во себе.

    Нечесно е на нечија туѓа несреќа да се добива внимание и медиумска популарност.Според документот што го добивме од Судска медицина, по направената аутопсија, утвредно е дека причината за смрт е срцев удар.

    Затоа се надеваме дека Ббог ќе им даде ум на сите луѓе што не се свесни што пишуваат.
    Не осудуваме никого и не бараме ничија помош, нашите блиски се со нас. Единствен начин да се помогне е да се каже вистината, а вистината е таа што ја кажавме.

    А тоа што го кажавме, ни го потврдија и од нашата амбасада. Нам ни останува сами да тагуваме до крајот на нашите животи. Сите што лично го познаваа, знаеја каков човек и спортист беше.

    А тие што не го познаваат можат да мислат и да зборуваат што сакаат, кажа за ММС семејството Спасовски и уште еднаш замолија да престанат шпекулациите, и да ги остават да тагуваат во мир.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.