Многумина од нас сонуваат да одат на пат околу светот, но за жал обично ни недостасуваат време или средства.
Семејството Тилотсон од американската сојузна држава Јута нуди работа од соништата – да оди со нив и нивните три деца на патување низ светот како бебиситерка.
Покрај плаќањето на апсолутно сите трошоци, парот ветува и добра плата од околу 1.500 долари, пренесува Метро, пренесе Блиц.
Американците наведуваат и дека бебиситерката ќе има по неколку слободни часови секој ден покрај двата слободни дена секоја недела.
Семејството Тилосон планира да го започне своето патување во јули од Њујорк и да се упатат кон Скандинавија, а потоа во Исланд. Следни дестинации се Полска, Унгарија, Италија, Шпанија, Турција, Австрија и Франција.
Во декември семејството ќе се врати дома две недели на Божиќ (и бебиситерката ќе може да се врати дома, билетите се на трошок на работодавецот). На почетокот на 2024 г Американците ќе летаат во топли земји – Хаваи, Нов Зеланд или Азија.
Семејството, сепак, има еден основен услов за идната бебиситерка. Таа мора да има педагошко образование и искуство во работа со деца на возраст од 3-6 години.
Но, од каде на парот толку пари за такво патување?
Пред неколку години, двајцата одлучија дека им се допаѓа овој начин на живот на постојано патување и основаа компанија за дистрибуција на храна, која доставува до 20 земји.