6 C
Skopje
петок, септември 22, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Како во хорор филм: Украден мртовец од болницата во Струмица

    Претпладне околу 9 часот група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение на болницата, потврди за МИА директорот, д-р Наќе Гогов.

    – Се се случи како во хорор филм. Пациент на 49 годиншна возраст бил примен во амбулантата во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. Отако набргу починал дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го префриле преку оградата и го ставиле во комбе по што се упатиле во непознат правец.

    Го осудуваме овој чин, бидејќи не дозволиле на лекарите да потпишат посмтрница и да ги пополнат потребните документи. Веднаш ја алармиравме полицијата, но додека таа да дојде тие веќе заминаа, рече директорот Гогов.

    Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.