6 C
Skopje
сабота, јули 2, 2022

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ИСКРЕНОСТ- ПИСМО ОД МАЛО МОМЧЕ: ДРАГИ МАМА И ТАТО, ЗНАМ ДЕКА И ВИЕ СТРАДАТЕ

    Неговите родители се разведуваат, а тој одлучи на најдобар начин да ги потсети дека не страдаат само тие, туку и тој, нивното дете. Покажувајќи...

    Девојка ми ме ИЗНЕВЕРУВАЛА со дедо ми! Остатокот од приказната е уште ПОШОКАНТЕН (Видео)

    Некогаш од најблиските луѓе доживуваме најголемо предавство. Токму тоа му се случило на ова момче кое својата приказна ја раскажало на ТикТок и тоа низ...

    Еве како ја уништив љубовта на еден МАЖ: По 12 години брак, тој реши да замине. Не можеше повеќе да издржи!

    Ќе ти кажам што направив за да престане да ме сака. Се разбира, го направив тоа потполно несвесно Ние бевме во брак 12 години, а...

    Кога некој ве навредува, само кажете му 1 збор: Моќниот трик на Сигмунд Фројд – еве како да ја разоружате личноста која ве навредува

    Сигмунд Фројд рече дека ако некое лице не е грубо, нема проблеми и сите го сакаат, најверојатно умрел. Ова значи дека не можете да...

    „Заминувањето во туѓина ми го направи ова, сеуште неможам да верувам”

    Заминувањето на работа во странство се чинело како единствена опција. Сепак, брачната двојка Соудил по едногодишен престој во Ирска, се врати дома. Велат, сега се други луѓе.

    „Тоа е едно многу, многу добро искуство. Освен тоа што нешто заработив, стекнав нешто многу повредно: го загубив стравот од егзистенцијални проблеми. Зашто сега знам дека можам да заминам каде било и таму да живеам и работам. Веќе никој овде не може да ми каже ‘ако ти не сакаш, има кој да работи за минималец’. Научив да ги ценам своето време и својата работа. Веќе не ме загрижува што ќе правам ако ја загубам работата, ако пропадне фирмата или ако дадам отказ. Тоа е огромен товар кој ми се симна од плеќите. Тоа е ослободување од егзистенцијалниот страв во којшто живее мнозинството хрватски граѓани. Затоа секому би му препорачал да замине и да ги испроба своите способности. Да имаме сите такво искуство и овде работите би биле многу поинакви.“

    Со овие зборови својата приказна ја започнува Едо, човек кој има добро загазено во своите четириесетти, што пак не го спречило едно утро да даде отказ на работа и да замине да живее и работи во Ирска.

    По 20 години во новинарството, фрустриран од стресната работа, ниска плата и исцрпувачки работен ритам, се одлучил да започне „нов живот“. Се разбира, како и во многу други добри одлуки во животот и на неговата одлука кумувала – жена.

    Заминување во непознато

    „Она што беше многу важно за носење на одлуката е што мојата тогашна девојка, денес сопруга, остана без работа, па еден ден седнавме и поразговаравме. Многу пријатели веќе беа заминати во Ирска. Во контакт со нив добивме информациии дека таму би можело да се заработи три до четири пати повеќе отколку овде. Тоа беше голем чекор, голема одлука. Оставаш стари родители, пријатели, својот начин на живот и свесен си дека одиш во непознато и дека животот сосема ќе ти се промени. Искрено, одлуката воопшто не беше лесна“, се сеќава Едуард.

    „Имавме среќа што не отидовме во Даблин, туку во Летеркени, мал град на крајниот север. Со големина колку Ѓаково, но многу поурбан. Нема да кажам поубав, зашто за мене нема ништо поубаво од ова овде. Јас ‘напредував’ за неколку дена од уредник до домар. Работев сам за агенција која изнајмува станови и куќи и можам само да кажам дека таму бев врвно ценет, почитуван и платен за работата којашто ја работев“, вели Едуард.

    Вели дека работата не му била тешка, а на неговата работна етика и квалитетот на завршената работа некогаш не добил поплаки. Додава и дека хрватскиот пасош е своевидна препорака за работа, затоа што хрватските граѓани во Ирска се ценети како работници и важат за вредни и одговорни.

    Неверојатното чувство дека си почитуван

    „Кога заминувавме никогаш не рековме ‘нема да вратиме никогаш во Хрватска’. отидовме да видиме како е и нешто да заработиме. Да ги покриеме долговите и работите за кои имаше налог за извршителска наплата. Сите долгови кои ги имавме неминовно натрупано во Хрватска ги вративме за три месеци и уште купивме и автомобил.“

    Едуард го опишува животот во Ирска како исклучително пријатен и убав. Основното почитување на процедурите кои мора да се завршат за да се прима плата е целата бирократија со која се соочувал. Но, никогаш не се случило на некој шалтер да „недостига документ“. Вели дека човек од Хрватска доживува свовиден културолошки шок кога во банка ќе го дочекаат како најдобар пријател иако е странец кој само што се симнал од авион.

    „Со новинарство почнав да се занимавам на 19-годишна возраст, бев свесен дека таму не можам да се занимавам со таа работа, но живеев во уверување дека ништо друго не знам да работам. Она што беше мое хоби додека бев новинар, тоа некакво дрводелство, обработка на метал, работа со струја… Тоа го научив од нужда за да не морам да плаќам мајстори и ми беше сосема доволно за да се снајдам. Далеку од тоа дека бев врвен мајстор, но сфатив дека знам да работам многу други работи“, вели Соудил.

    Според него, во Ирска никој никогаш не прашал какво образование и „документ“ има. „Овде (во Хрватска, н.з.) е важно дали имаш свидетелство, таму е важно дали знаеш да работиш. Работодавачот е подготвен да вложи во тебе, да те едуцира на свој трошок и да ти даде прилика која одговара на твоите способности. За една година никој не ме праша за дипломата, за изводот од матичната книга на родени и не ми побара потврда од суд за неосудуваност“, раскажува Едуард.

    По враќњето во Хрватска се снашол добро и во татковината. Работи подобро платена работа со која што е задоволен, а ако некогаш „зачкрипи“, како што вели, во Ирска го чека работа. Иако, во случај да биде притиснат од неволја, овојпат би заминал некаде поблиску. „Ирска е одлична, но има една мана – далеку е. Оној кој работи во Минхен може речиси секој викенд да го помине во Осијек, а тоа е голема работа кога ќе те притисне носталгија.“

    „Дома е сепак најубаво“

    Неговата тогашна девојка, а денес сопруга, Леа Соудил, има малку поинаква животна приказна. Таа е родена во Германија, живеела во Лондон и работата во странска земја не ѝ е непознаница.

    „Работа најдов веднаш. Прво работев како собарка, а кога видоа дека знам неколку странски јазици, ме префрлија на рецепција“, вели Леа.

    Заминувањето било промислено, но враќањето во Хрватска – доста импулсивно. Одлуката паднала за еден ден. Децата, иако веќе пораснати, останале во Хрватска, ѝ недостигала нејзината куќа, зашто како потстанар не можела „ни шајка да закове каде што сака“. Нејзината мачка била во „илегала“ цело време, зашто станодавецот не дозволувал домашни миленици во станот, а за познатите ирски метеоролошки прилики е кажано многу. „Причини за останување имаше колку и причини за враќање, но овие вториве на крајот претежнаа“, вели Леа.

    Ирска е многу социјална држава – од детски додаток до работа со половина работно време и додатоци на примања до висина на минималната гарантирана плата. Па, сепак, наспроти сите добри страни таа е сѐ помалку привлечна поради високите трошоци за домување и климата. Сега во Хрватска се „хит“ Малта и Гибралтар, каде заработувачката е слична, но станарините се многу помали, а деновите многу посончеви. Ваквите информации брзо се шират меѓу „птиците преселници“ какви што во Хрватска има сѐ повеќе – луѓе кои заминуваат на година или две за да ги решат финансиските проблеми кои ги мачат со години во татковината. Но, сепак се враќаат.

    „Секој би требало да замине одовде на одредено време, барем заради себе самиот. Малку да ги прошири хоризонтите, да види како функционирата работите некаде на друго место и да ги збогати своите искуства. Но, сепак, враќањето е најубаво“, уверена е Леа.

    Latest Posts

    ИСКРЕНОСТ- ПИСМО ОД МАЛО МОМЧЕ: ДРАГИ МАМА И ТАТО, ЗНАМ ДЕКА И ВИЕ СТРАДАТЕ

    Неговите родители се разведуваат, а тој одлучи на најдобар начин да ги потсети дека не страдаат само тие, туку и тој, нивното дете. Покажувајќи...

    Девојка ми ме ИЗНЕВЕРУВАЛА со дедо ми! Остатокот од приказната е уште ПОШОКАНТЕН (Видео)

    Некогаш од најблиските луѓе доживуваме најголемо предавство. Токму тоа му се случило на ова момче кое својата приказна ја раскажало на ТикТок и тоа низ...

    Еве како ја уништив љубовта на еден МАЖ: По 12 години брак, тој реши да замине. Не можеше повеќе да издржи!

    Ќе ти кажам што направив за да престане да ме сака. Се разбира, го направив тоа потполно несвесно Ние бевме во брак 12 години, а...

    Кога некој ве навредува, само кажете му 1 збор: Моќниот трик на Сигмунд Фројд – еве како да ја разоружате личноста која ве навредува

    Сигмунд Фројд рече дека ако некое лице не е грубо, нема проблеми и сите го сакаат, најверојатно умрел. Ова значи дека не можете да...

    АКТУЕЛНО

    Таа има 21, тој 54: „Сите мислат дека сум со него поради пари“ но незнаат дека

    Можеби звучи како клише, но да, возраста е само бројка, а оваа Американка, која својата слава ја стекна со споделување видеа со своето 33...

    Ја додадов на Фејзбук за да ја прашам: ”Каде си мила мамо и зошто ме остави?”, но ме блокира

    Животната приказна на Малиот Дејан ќе ви го скр ши срцето. Додека неговите врсници се грижат какви телефони или патики имаат, едина есетгодишниот Дејан...

    Секојдневно го јадеме ова, а никој не знае колку всушност е штетно за нашиот мозок

    Може да се каже дека и птиците на гранка знаат дека солта е еден од главните фактори за висок крвен притисок, а новото истражување...

    Замина во Германија, па најде швалерка и реши да ја остави сопругата од Македонија – она што му го направи ги воодушеви сите

    Оваа приказна многумина ќе остави во шок кога ќе видат колкава може да биде одмаздата на една жена која била оставена по многу години...

    Тој муслиман, таа христијанка – по 30 години тие дознаа дека се брат и сестра

    Животот на овие простори сам по себе е необичен и комплексен, не баш вообичаен. Просечен Балканец во својот бурен животен век има голема можност...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.