Не е чудо што во шпионски филмови сите тајни се откриваат токму во кревет после бурна љубовна ноќ . Многу луѓе послободно ги искажуваат нивните интимните чувства , надежи и стравувања после секс . Истражувачите од Универзитетот во Конетика тврдат дека сега знае и зошто е тоа така.
Аманда Денес , професор од Катедрата за комуникација , тврди дека разговорите по секс се потценета компонента за стабилните односи , иако се поврзани со производството на познатиот ” хормон на верноста ” , наречен окситоцин . Таа открила дека жените кои доживуваат оргазам , се заразени со доверба кон својот партнер после секс , со што се зголемува емоционалната врска меѓу партнерите .
Многу луѓе тврдат дека после секс често ги споделуваат со партнерот своите чувства , независно од времетраењето на односите . Токму во овој период луѓето често се подготвени за првпат да кажат ” Те сакам “, што може да ги помести односите на ново ниво , а може и да предизвика за жал прерано признание за чувствата .
Кога луѓето доживуваат оргазам , во нивното тело се случуваат физиолошки промени , бидејќи се создава хормонот окситоцин . Зголемувањето на нивото на овој ” хормон на довербата ” е карактеристично и за женскиот , и за машкиот организам . Но се смета дека машкиот хормон тестостерон го намалува влијанието на окситоцин , па мажите се доста по воздржани по секс и не чувствуваат толку силни и искрени чувства кон партнерката.
Искрениот разговор после секс помагаат во одржувањето на здрави односи , сексуално задоволство, симпатија и радост од во тековните односи , тврдат експертите.