Љубовница и пишува на жената на мажот со кого спие и кого го делат и двете! Ова писмо го запали Фејсбук, а интересот за него е многу голем! Погледнете зошто!
Не знаеше за мене, нели?




Понекогаш радарот на озлогласената женска интуиција не успева да детектира дури ни очигледни сигнали, особено кога сопственичката е премногу вљубена, досадно е нели?




А и ти едвај веруваш во приказните за руси влакна на сакото, кармин на кошулата и дека одеднаш се вратил од службено патување. Домаќинко- тие постојат само во вицовите, градскиот фолклор и попладневните пензионерски сапуници.




Јас, исто така долго не знаев за тебе. Ми рече дека е женет едвај кога љубовта како здодевна мува почна да лета околу идила на божем необврзувачкиот секс.
Во почетокот, додека ловат, женетите мажи обично си ги кријат алките – ги вадат дури подоцна, како магична амајлија против вљубената љубовница. Не дека нешто помага.




Дали сум поубава од тебе? – Не мислам. Сосема обична жена сум. Знам, ти си мислиш дека сум помлада, послаба, попаметна, поинтересна, претставуваш дека сум фатална убавица со беспрекорни нокти, совршен поглед и сатенска постелнина – мистериозна, непостојана, бунтовна и пеколно секси . Мила, погледни околу тебе – колку такви жени си видела наутро во трамвај?




Сликата е на жената од рекламите за водка, а не на тајна љубовница на шармантниот сопруг.




Всушност имам неколку екстра килограми, целулит, грозен ПМС, конзумирам цело чоколадо, кога сум под стрес, плачам на филмови, а пред да седнам да го пишувам овој текст, сечев кромид во кујната. И дури и не сум русокоса.




Зошто тогаш те изневерил со мене ли?
– Не знам. Можеби откако потонал во меката фотелја на домашната атмосфера со тебе, ловецот во него почнал да се нервира. И имал потреба само така, да се испразни на нешто – да се потсетиме како се случува.




Да изгребан со ноктите, да искубани коси од жесток секс и тој да се почувствува малку како женкар.
Да се почувствува женкар и да го нахрани огладнетото его со радост од женски очи кои сеуште не му ги виделе валканите чорапи.




Ти веќе не си плен за него, ти си одамна освоена и означена територија. Ти си публиката, која веќе не му аплаудира, бидејќи му го знае наизуст репертоарот од шеги. Ти си безбедна, му даваш топла супа, мајка си на неговите деца – скротена женска, која пуштила корени во неговата душа.




Јас сум адреналинот, забрзаниот пулс, најбрзиот секс во паузата, напишани безшумно пораки и најновата песна на телефонот. Ти си сведокот на неговиот живот и ветувањето дека нема да остари сам. Јас сум симболот на неговата лична слобода и правото на сексуална разновидност.




Нека не се лажеме – моето место е празно, можеше да го заземе речиси секоја жена која изгледа прилично пристојно и барем минимално заинтригирана од Него. Беше чиста случајност дека токму јас му наидов на дофат токму во овој момент. Не сум циник, реалист сум.




Женетите мажи ретко се вљубуваат во љубовниците, едноставно понекогаш се збунуваат од еуфоријата на љубовта. Љубовницата е возбудлива само додека не му пречи да си ја замислува. Кога ќе стане реален човек од крв и месо и таа станува потенцијална сопруга.




И е време за нова љубовница. Јас исто така не бев вљубена во него – или барем не е тоа зборот. Само ме привлече и се му се предадов на импулсот – не сум имала причина да не го правам, ниту е моја работа да барам однапред на неговите раце траги од прстен. Не сум сакала да ти го одземам, напротив, ми се допаѓаше дека е женет – за мене тоа значи безбеден.




Јас сум жена која не сака премногу обврзувачки односи, а бракот е лудачка кошула, која го уништува мажот – го прави полесно предвидлив.
И тој навистина беше таков. Знаев дека нема да трае долго, знаев дека не сум ниту првата, ниту неговата последната. Знаев од што се плаши, што сака. Знаев кога ќе си замине.
Добро, признавам дека понекогаш ми претставуваше задоволство самото чувство на власт над него – власта да го натерам да се одрече од заветот пред олтарот. Да се одрече од тебе, предавајќи се на мене. Не ми прави чест, но тоа е вистината.
Тоа нема никаква врска со тебе, ти немаш ништо лично со мене. Секоја друга можеше да биде на твое место. И секој друг – на негово. Чувството на целосна контрола над него ме опиваше, но и ме правеше тажна.
Понекогаш тајно копнеам за маж кој барем еднаш ќе ме изненади – да одолее или барем да не се предаде толку лесно. Но на нив им е ужасно слаб ангелот.




Секогаш ги оставам да си мислат дека тие ме избираат и тие одлучуваат – но всушност решавам јас. Патем неверството воопшто не им е заштитен знак само на женетите. Неженетите исто изневеруваат… Мене самата исто ме изневерувале, и тоа редовно и постојано.
Па ако тоа те смирува, Севишниот се погрижил да си ја добијам одмаздата и како оштетениот.
Кога ми се случи за прв пат бев како пореметена,ме поплави паника дека го губам, првото што помислив беше: “Ама нели рече дека ме сака, тогаш зошто … !?”.
Дури подоцна сфатив дека мажите ретко изневеруваат бидејќи престануваат да те сакаат.




Ти пример, ако толку ја сакаш чантата Армани, зошто си купуваш нова? Знам потресена си, не можеш да поверуваш, се чувствуваш предадено … Си верувала во зборот даден во матично и црква.
Знаеш дека мажите изневеруваат, но си била убедена дека токму твојот сопруг нема да го направи тоа – ‘тој не е таков човек’.
Ќе ти кажам – нема моногамија мегу луѓето. Има само многу вљубени, плашливи или мрзливи. И колку повеќе човек се убедува дека има моногамија, толку полигамијата му станува дел од душата. Едноставно луѓето сме така создадени што во моментот во кој ќе ни кажат дека нешто е забрането, почнуваме да го сакаме.




А самата желба, дури и да не е за исхрана, веќе е вид неверство. Не, веќе не се сретнуваме. Во почетокот велеше дека не може без мене и беше како опседнат.
Речиси чув како адреналинот му шумолеше низ вените, а очите му го имаа оној сјај на гладен мачор.
Потоа постепено почна да станува зафатен, да го викаат “итно”, “да поправа станот” …
Женетите мажи имаат безпогрешен инстинкт кон заканата од “компликации” и знаат кога точно да запрат. Конечно престана да ми се јавува, без објаснување.
Понекогаш ми ѕвони да ме праша како сум – едвај го интересира, едноставно не сака да се чувствува лошо и безмилосно.
И не се обидувам да ти станам другарка. Не тоа никако не – би било лицемерно. Сакав само да ти ја кажам вистината – мојата вистина.




Да ја чуеш лично од мене. И да разбереш дека ние сме една целина – двете меѓусебно се создаваме и постоиме една преку друга. Ти ме сонуваш со нервозно лице, јас пак вечно се кријам и чувам. Јас сум жената во сенка, жената без име, неговата доза самодоверба и твојот кошмар.
Сопругата и љубовницата – вечните непријатели,земјата и небото, законот и гревот – војуваме со векови, нели?
Но, тој се потпира токму на тоа, ме разбираш ли? Нашата војна е споменик на неговото машко его. Затоа немој да ме мразиш, те молам. Немаш поим колку лесно можеме да си ги размениме местата …