Скоро секој човек бил лут на мајка си, обвинувајќи ја дека генерациите се различни, но сепaк чувствата кои мајката ги доживува кон детето се неверојатни.
Еве некои од нив кои таа едвај би ги споделила со тебе, но ти треба да ги знаеш.
Ти си ја расплакал постојано. Таа плачела кога дознала дека е бремена со тебе. Таа плачела додека те раѓала и кога за прв пат те држела во рацете. Плачела од среќа и од тага, бидејќи ја чувствувала твојата радост и болка, без разлика дали ти го забележуваш тоа или не.
Таа секогаш се плаши за тебе. Од првиот твој здив таа правела сé за да се грижи за тебе.Секој пат кога излегуваш од дома таа будно чекала да се вратиш.Секој пат кога си бил болен, таа била до тебе.
Неа ја боли. Не само додека те раѓала. Додека била бремена ти си ја притискал на нејзините ребра, а потоа си ја гризал, додека таа те негувала. Ти си и донел толку многу физичка болка.
Таа знае дека не е идеална. Таа е најголем критичар. Таа знае за сите ваши грешки и се мрази заради нив. Секако, таа сакала да е идеална мајка. Но, никој не е идеален, затоа често сака да се врати во минатото и да стори сé што треба за да избереш подобар начин. Независно од тоа, таа има направено се најдобро за тебе.
Таа те бакнува додека спиеш. Откако си заспал по тешкиот ден, таа те следи додека спиеш и те бакнува секогаш додека сонуваш. Ако во тој момент отвориш очи, тогаш ти би видел колку љубов и нежност има во нејзиниот поглед.
Твоите солзи секогаш го кршат нејзиното срце. Твојот плач е најстрашно нешто за неа. Таа ќе се потруди да ги запре твоите солзи и ако не успеала срцето ќе и се распарчи на илјадници делови.
Таа би го направила сето ова уште еднаш. Независно од целата болка, која ја преживеала, таа не би се откажала од тебе под никакви околности. Детето е најважно нешто во животот на една жена.