6 C
Skopje
сабота, октомври 5, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Oсуденикот кој требаше да одлежи три години за украдени 150 ќебапи избегал од затвор

    Името на велешанецот Петре Караманов не беше многу познато за јавноста до одекнувањето на веста дека е осуден на три години затвор за кражба на ќебапи. Овој случај во судството стана синоним за селективна неправда, односно за впечатокот дека правдата не е еднаква за сите во земјава.

    Тој никогаш не се појави во медиумите, а на пресудата не поднел ни жалба. Четири години по изрекувањето на пресудата, иако логична претпоставка е Караманов да излегол од затвор, „Независен весник“ дознава дека крадецот на ќебапи избегал и дека му останале уште неколку години за да ја одлежи казната.

    Според официјалните податоци од Управата за извршување на санкции, Караманов издржувал казна затвор во затворот во „Идризово“ за разбојништво и тешка кражба, за што бил осуден на шест години и еден месец затворска казна, што значи Караманов бил осуден и за други кражби и разбојништва, а не само за ќебапите.

    Последно во затвор влегол на 2 декември 2014 година, но на 4 април 2017 година го пуштиле на домашно отсуство и не се вратил повеќе. Според информациите од затворот во Шутка, Караманов бил таму во притвор за разбојништва во 2002 и 2014 година, додека во 2010 година пет месеци бил во затвор за кражба на моторно возило.

    Сепак, од велешкиот суд не успеавме да добиеме информација колку точно пресуди имало против него и за што сè е осуден, но оставија простор за увид во сите предмети што се водат против него.

    И кога ја ограбил кафеаната на автобуската станица во Велес, од каде што ги украл ќебапите, се наоѓал на отслужување на казна затвор за друго дело. Според неофицијални информации од велешкиот суд, против него биле изрекувани мерки уште кога бил малолетник. Иако овој случај во јавноста одекна како неправда кон граѓанинот, сепак пресудата не била само за 150 ќебапи.

    Караманов украл сè што имало во кафеаната и го оставил сопственикот без стока за продавање. За кривичното дело била предвидена затворска казна од три до пет години, а нему му била досудена најниската затворска казна, ценејќи ги сите олеснителни и отежнителни околности. Сепак, ова е само една приказна за велешанец кој речиси цел живот крадел и го поминал во затвор, но наспроти амнестијата што ја добиваат единствено политичарите и која покажува дека правдата не е еднаква за сите.

    Законот за амнестија кој беше изгласан во Собранието ги преполови обвинетите за упадот во него, а самата обвинителка која го водеше овој случај, Вилма Русковска, вели дека судството за едни е мајка, а за други е маќеа.

    Целиот текст прочитајте го на овој ЛИНК

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.