6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

„Mustela Ermin“ ја претстави својата прва колекција

Ревијата на брендот „Mustela Ermin“ во четврток вечер означи старт на тридневното модно случување во Музејот на современата уметност во Скопје, на кое ќе се претстават талентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“.

me

Ира Алексовска која ја потпишува етикетата „Mustela Ermin“ претстави вкупно 24 креации за сезоната пролет-лето 2016 година.

„Жените на кои им е наменета мојата колекција се бестрашни бидејќи се соочиле со препреки и ги надминале останувајќи непоразени. Имаат самодоверба и не се плашат да привлечат внимание во јавноста носејќи смел, секси, авангарден аутфит“, вели Алексовска.

За фризурата на манекенките се погрижи Адо Хамзиќ од „Hairdo Salon“ а за шминката Дарко Мишовски.

Ревијата на „Mustela Ermin“ во организација на Моден викенд Скопје, беше поддржана од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ и Амбасадата на Р. Франција во Македонија.

Вечерва со почеток од 20:30 часот следува ревијата на „MARKOV“ .

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.