Додека таткото читал весник, неговата ќерка постојано му го одземала виманието. За да го скроти детскиот немирен дух, искинал еден лист од весник, на кој била исцртана картата на светот.

Целата карта била искината на десетици парчиња кои и ги фрлил на ќерка си и ја испратил во собата со една единствена задача – да ја  врати картата во една целина.

Бил убеден дека ќе и требаат неколку дена, за да ја заврши задачата.

Но девојчето се вратило само по неколку минути со совршено исполнета задача.

“Како успеа? Тоа е невозможно …” извикал таткото, вчудоневиден од генијалноста на 6-годишната ќерка.

“Картата ми беше тешка, па ја свртев другата страна. Таму имаше слика од еден човек, изгледаше многу поинтересна и полесна.Решив да го составам неговиот лик наместо картата.” – задоволно објаснило девојчето.

Научете дека секогаш има втора страна на секој ваш проблем, независно од искуството што го поседувате.

Кога и да се најдете пред предизвик во кој треба да одлучите, не гледајте само во една насока.Обрнете внимание на работите неколку пати.

Ќе бидете изненадени од она што ќе го видите!