Јелена Карлеуша не беше на испраќањето кралот на српската народна музика кое беше вчера, а на истото покрај семејството го испратија голем број пријатели, колеги, новинари, роднини, медиуми, обожаватели.
Меѓу нив не беше Јелена Карлеуша, но затоа на денот таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која има само 15 години, а е заедно со Шабан на нејзиниот прв настап.
-Пред 25 години, мојот прв настап и ете баш со Шабан. Вршац, градски хотел. Имав 15 години, Шабан ја праша мојата мајка да ме пушти да одам со него. Се уште немав почнато официјално да пеам, ниту имав снимено нешто. Фотографијата е направена во бекстејџ, Шабан ме убедува дека не треба да се плашам кога ќе излезам на бината. Последен поздрав пријателу и вечна слава…, напиша Карлеуша и се прости за последен пат од својот драг колега и пријател.
Со него во ковчегот семејството ќе ги положи трите најдраги капи од кои не се одвојувал, малку пари, но и неговиот омилен стап за риболов. Со оглед на тоа дека пејачот најмногу уживал во риболов и секој слободен момент го минувал во својата викендичка во Крчедин, каде сакал да исплови со чамецот и да ужива во мирот, неговото семејство заклучило дека би требало да го стават и неговиот омилен стап, открива српски Телеграф.
Алсин Левент, возачот на „мазда“ возилото, кој ја предизвика несреќата во која за жал замина кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ и неговиот пријател, Мирсад Кериќ, на својот адвокат во притвор му рекол дека не се сеќава на ништо и дека е во шок.
Покрај тоа, постои сомнеж дека автомобилот со кој управувал бил украден.
Во меѓувреме, Алсин Левент кој, според сомнежите, ја предизвикал несреќата, сега е во притвор кој му е одреден 48 часа после несреќата.
Во притворот го посетил адвокатот Јерит Шул, кој за германските медиуми изјавил дека неговиот клиент е во шок поради сето тоа што се случило.
„Ми рече дека не може да поверува што се случило во неделата и дека воопшто не се сеќава на несреќата“, им рекол Шул на германските репортери.
Тој исто така додал дека неговиот клиент, за разлика од првичните претпоставки, има место на живеење во Германија, поради што предложил да му се укине притворот.
Извор: Скопје24.мк