Painted Hills ( обоените ридови – во превод од англиски ) се наоѓаат во Вилер Каунти, во американската држава Орегон . Наречени се така поради обоените слоеви по ридовите.
Секој од нив одговара на различните геолошки епохи , формирани кога во реонот течела древна река. Боите изгледаат речиси неприродни и рачно насликани .
Уникатните бои се формирале пред повеќе од 35 000 милиони години од слоеви на вулкански пепел , исфрлен при древни ерупции , кога регионот се уште бил под речните води. Со текот на времето слоевите пепел , кои содржат различни минерални супстанции се стврднале во различни бои и создале неверојатни пејзажи , по кои денес месноста е позната.
Најдобро време за посета на ридовите е по бура, кога секоја боја се зајакнува . Боите варираат од црвена, килибар, портокалова, жолта и златена со призраци од црна и сива боја .
Меѓу април и мај реки од мали жолти цветови се спуштаат во пукнатините на црвенкасти ридови , создавајќи неверојатен контраст на боите .
Погледот привлекува стотици пејсажни фотографери и уметници. Паркот Painted Hills е отворен и со добро обележани патеки . За туристите се создадени места за пикник , паркинзи и големи плочи со информации.